Православен календар

Свети Герман, патријарх Цариградски

12 мај (по стар стил)

Син на првиот царски сенатор, когошто го уби царот Константин Погонат. Истиот овој зол цар го кастрираше сенаторовиот син Герман и насилно го протера во манастир. Како монах Герман засветли со својот добродетелен живот како ѕвезда. Заради тоа беше избран прво за епископ Кизички, а потоа, кога се зацари Атанасиј II, и за патријарх Цариградски. Како патријарх го крсти злогласниот Копроним, којшто додека се крштеваше ја извалка водата со нечистотија. Тогаш патријархот прорече дека кога тоа дете ќе стане цар, ќе внесе некаква нечиста ерес во Светата Црква. Тоа и се случи. Кога стана цар, Копроним ја обнови иконоборната ерес. Гонењето на иконите го започна Лав Исавријанин, таткото на Копроним, а кога патријархот Герман му се спротивстави, тој надмено возвикна: „Јас сум цар и свештеник!“, па го симна Герман од престолот и го протера во манастир, каде што овој светител проживеа уште десет години дури Господ не го повика кај Себе во Небесното Царство, во 740 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Мај
20
Мај
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Спомен на јавувањето на небо на Крстот Господов, во Јерусалим (351); Мч. Акакиј стотник (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој од нас може да расудува за Бога само толку колку ја познал благодатта на Светиот Дух; затоа што, како можеме ние да зборуваме и расудуваме за тоа што не сме го виделе, или за она што не сме го чуле и што не го знаеме? Ете светиите велат дека го виделе Бога, а има и луѓе кои велат дека нема Бог. Јасно е дека така зборуваат зашто не го познале Бога, и тоа воопшто не значи дека нема Бог. Светиите, пак, говорат за она што навистина го виделе и го знаат.

Преп. Силуан Атонски
Писанија VIII.9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк