Православен календар

Светиот пророк Исаија

9 мај (по стар стил)

Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Јерусалим од татко Амос, брат на јудејскиот цар Амасиј. Според големата Божествена благодат што беше во него, Исаија се удостои да Го види Господ Саваот на небесниот престол, опкружен со шестокрили серафими, коишто непрестајно пееја: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот. Исаија им пророкуваше многу нешта како на одделни луѓе така и на народите. Еднаш, три дена одеше сосем гол по улиците јерусалимски пророкувајќи го брзиот пад на Јерусалим под Асирскиот цар Сенахерим и опоменувајќи ги царот и народните главешини да не се надеваат на помошта од Египтјаните и Етиопјаните, бидејќи и тие наскоро ќе бидат покорени од тој истиот Сенахерим, туку да се надеваат на помошта од Севишниот Бог. И ова пророштво како и останатите се исполни до збор. Но, најважни беа неговите пророштва за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на Пресветата Дева, за Јован Претеча и за многу настани од животот на Христа. Овој видовит маж имаше, заради чистотата на своето срце и заради ревноста кон Бога, дар на чудотворство од Бога. Така, кога опседнатиот Јерусалим страдаше од жед, тој се помоли и потече вода под гората Сион. Таа вода е наречена Силоам (пратена), и на таа вода го упати подоцна Господ слепородениот за да се измие и да прогледа. Во времето на царот Манасија, кога Исаија грмеше против незнабожечките обичаи на царот и на главешините, изедначувајќи го тогашното поколение со Содом и Гомор, против овој голем пророк се крена гнев од народот и главешините и беше фатен, изведен надвор од Јерусалим и пострада стружен со пила. Живееше и пророкуваше 700 години пред Христа.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некои луѓе после изучувањето на светската литература се обрнуваат кон Светите Писанија, но не се обидуваат да ги познаат мислите на пророците и апостолите, туку почнуваат сè што самите говорат да го сметаат за закон Божји бидејќи за своите сопствени мисли несоодветно принесуваат докази од Светото Писмо. Дури тоа го сметаат за добро дело, а не за најпорочен вид на учење – да ги извитоперуваш мислите од Светото Писмо и произволно да ги потчинуваш на себеси, не земајќи ги пред вид очигледните противречности... Само на децата и на шарлатаните им е својствено другите да ги поучуваат во она што ни самите не го разбираат.

Бл. Јероним
Писмо кон св. Павлин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк