Православен календар

Преподобен Арсениј Велики

8 мај (по стар стил)

Овој славен светител е родум од една патрициска фамилија во Рим и добро школуван како во светските науки и во философијата така и во духовната мудрост. Кога ја остави сета светска мудрост, се предаде на служба на Црквата и стана ѓакон во големата црква во Рим. Неоженет, повлечен, молчалив, Арсениј мислеше така да го проживее сиот свој живот. Но, Промислата Божја го управи неговиот живот поинаку. Царот Теодосиј го зеде за воспитувач и учител на своите синови Аркадиј и Хонориј и го постави за сенатор, опкружувајќи го со големо богатство, почести и раскош. Меѓутоа, сето ова повеќе го притискаше срцето на Арсениј отколку што го задоволуваше. Се случи еднаш Аркадиј направи некоја беља, а Арсениј го казни за тоа. Навредениот Аркадиј му смислуваше тешка одмазда на учителот, за која Арсениј кога дозна се облече во облека на питач, отиде на морскиот брег, седна на кораб и замина за Египет. Кога пристигна во славниот Скит, му стана ученик на прочуениот Јован Колов и се предаде на подвиг. Се сметаше себеси за мртов и кога некој му јави дека му умрел некој богат роднина и му го оставил во наследство сиот имот, тој одговори: „Па јас умрев пред него, како можам да го наследам!“ Повлечен во една пустинска келија како во гробница, постојано плетеше кошници од палмови лисја, а ноќе Му се молеше на Бога. Ги одбегнуваше луѓето и секој разговор со нив. Само во празнични денови излегуваше од келијата и доаѓаше в црква да се причести. За да не стане мрзлив, си го поставуваше прашањето: „Арсениј, зошто дојде в пустина? “ Помина педесет и пет години како пустиножител и за сето тоа време им беше пример на монасите и слава за монаштвото, воопшто. Поживеа сè на сè сто години и по долготраен труд и доброволно себеналожено мачеништво се упокои мирно, во 448 година. Се пресели во Царството на Христа Бога, Кого Го љубеше со сето свое срце и со сета своја душа.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Април
29
Април
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Агапија, Ирина и Хионија (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог со Својата благодатна сила присуствува во секоја заповед. „Господ е сокриен во Своите заповеди“ – вели свети Марко Подвижник. Господ му помага секо- му којшто се бори да ги исполни Неговите заповеди... А дека Бог пребива во нас дознаваме по Духот, Кој Он ни го дал. Тоа значи дека христијанинот никогаш не е сам, но тој живее и се труди заедно со Трисветиот Бог.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 3,24

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк