Православен календар

Преподобен Теодосиј Киево-Печерски

3 мај (по стар стил)

Од најрана младост ги одбегнуваше смеата и веселбите и се предаваше на молитва и богомислие. За ова мајка му често го тепаше, а особено откако еден ден здогледа дека носи железен појас по голото тело, од што имаше крв на кошулата. Бидејќи тој еднаш ги прочита во Евангелието зборовите на Спасителот „кој го љуби татка си или мајка си повеќе од Мене не е достоен за Мене“, Теодосиј го напушти родителскиот дом и побегна во Киевската пештера кај Преподобниот Антониј. Свети Антониј го прими и наскоро го замонаши. Кога мајка му го најде и почна да го бара да се врати, тој ја посоветува, па и таа се замонаши во еден женски манастир. Со неговиот подвиг, со кротоста и добрината, Теодосиј набрзо ги надмина сите монаси и му стана мошне мил на Антониј, којшто го постави за игумен на манастирот. Во негово време, манастирот многу се намножи, се соѕидаа цркви и келии и во целост се воведе Студитскиот устав. Заради неговата девствена чистота, заради преголемиот молитвен труд и љубовта кон ближните, Бог му подари на Теодосиј голема благодат и тој Божји човек имаше голема моќ над нечистите духови, исцелуваше болести и гледаше во човечките судбини. Свети Антониј и Свети Теодосиј се сметаат за основачи и устроители на монаштвото во Русија. Свети Теодосиј се упокои мирно во 1074 година. Неговите целебни мошти почиваат покрај моштите на Свети Антониј.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Какво и да те постигне огорчение, каква и да ти се случи непријатност, речи си: „ќе го претрпам тоа заради Исуса Христа!“, и ќе ти биде полесно. Бидејќи името на Исуса Христа е силно. При него сите непријатности се стишуваат, бесовите исчезнуваат. Се стишува и непријатноста која ти се случува, се успокојува и твоето малодушие.

Преп. Антониј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк