Православен календар

Светиот Цар Борис Бугарски

2 мај (по стар стил)

Во светото крштение Михаил. Рамноапостолскиот подвиг му беше предскажан од неговиот дедо, светиот кнез Бојан. Првите години од управувањето на Борис не беа многу успешни. Бугарите често војуваа со соседните народи, земјата трпеше глад и имаше голема смртност, па во 860 година Бугарија се наоѓаше во бедна состојба. Царот Борис спасот го виде во просветување во верата Христова на народот којшто пребиваше во незнабоштво. За време на една од војните на Бугарите со Грците, беше земен во плен еминентиот дворјанин Теодор Куфара, којшто претходно имаше примено монашки потстриг. Тој беше првиот човек којшто го посеа семето на Евангелието во душата на бугарскиот цар. Во еден од походите, Грците ја зедоа во плен малолетната сестра на царот Борис, и таа беше воспитана во православната вера во дворецот на византискиот император. Кога умре императорот Теофил, Борис реши да ја искористи добрата прилика да им се оддолжи на Грците за претходните порази. Сепак, вдовицата на императорот Теодор покажа храброст и испрати порака до бугарскиот цар со предупредување дека таа самата е подготвена да ја заштитува империјата и да го посрами противникот. Царот Борис претпочиташе мирен сојуз, и во знак на помирување беше извршена размена на заробениците – Теодор Куфара и бугарската принцеза, којашто уште повеќе го расположи својот брат кој христијанската вера. Недолго потоа, во Бугарија беше испратен светиот Методиј, којшто заедно со својот брат Кирил ги просветли Словените со Христовата вера. Светиот Методиј го изврши крштението на царот Борис и на целото негово семејство, и на многу бојари. Бугарите незнабошци, откако дознаа за тоа, сакаа да го убијат царот Борис, но нивниот заговор беше разрушен од новопокрстениот Цар, а бугарскиот народ, лишен од водачите кои го смутуваа, доброволно прими крштение. Помеѓу Византија и Бугарија беше склучен мир, заснован на единствената вера, којшто не се наруши до крајот на управувањето на благоверниот цар. Големо учество во духовното утврдување на бугарскиот народ зеде грчкиот патријарх Фотиј цариградски. Во 867 година Бугарија беше посетена од проповедници на римскиот папа, и од тој миг, во текот на три години постоеше раскол помеѓу грчката и римската Црвка. Соборот во Константинопол, во 867 година, му стави крај на овој спор и на 3 март 870 година Бугарија конечно се присоедини кон источната Црква, и верата уште повеќе се утврди во неа. Во Бугарија се прославија светите Горазд и Климент Охридски. Благоверниот цар Борис ја украси земјата со храмови и помогна во распространувањето на благочетието, и на крај во Бугарија беше востановена Патријаршиска катедра. Во поодминати години, царот Борис се оддалечи во манастир, оставајќи го престолот на синовите Владимир и Симеон. Во манастир тој дозна дека неговиот син Владимир отстапил од христијанството. Тажејќи за она што се случило, царот Борис повторно ги облече царските одежди, го казни непокорниот син така што го ослепе и го стави во затвор. Предавајќи му го владеењето на помладиот син Симеон, благоверниот цар Борис се врати во манастир. Само уште еднаш излезе од него: заради одбивање на нападите на Унгарците. Се упокои на 2 мај 907 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Април
6
Мај
нов
стил
Пон., Светла седм. Не се пости.
Светол Понеделник
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ многу го љуби грешникот кој се кае и милостиво го прегрнува: „Каде беше чедо Мое? Јас одамна те чекам.“ Господ сите ги повикува кон Себе со гласот на Евангелието, и Неговиот глас се слуша по сета вселена: „Дојдете при Мене овци Мои. Јас ве создадов и ве љубам. Мојата љубов кон вас ме симна на земјата и Јас сè претрпев за вашето спасение и сакам да ја познаете Мојата љубов и да речете како апостолите на Тавор: Господи, добро ни е со Тебе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи. IX. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк