Православен календар

Свети Јоаникиј Девички

26 април (по стар стил)

Србин од Зета. Како млад обземен од љубовта Христова го остави домот и родителите и се оддалечи во пределите на Ибар, во една пештера во којашто според Преданието се подвизувал свети Петар Коришки. Но, кога неговата слава почна да се разгласува меѓу луѓето, побегна во Дреница и се скри во густата шума Девичка. Свети Јоаникиј помина во таа самотија години и години во тихување и безмолвие. Според преданието, светителот таму ја исцели лудата ќерка на српскиот кнез Ѓураѓ Бранковиќ. Од благодарност кнезот му подигна манастир на тоа место, познат и денес под името Девич. Таму почиваат светите чудотворни мошти на свети Јоаникиј. Во тој манастир не толку одамна се подизуваше прославената и богоугодна испосничка монахиња Ефимија. Народот ја нарекува блажената Стојна. Таа се упокои во Господа во 1895 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Мај
21
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Вознесение
Господово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не треба кај другите да ја бараме вистината којашто лесно можеме да ја најдеме во Црквата. Бидејќи во неа, како во богата ризница, апостолите во полнота положиле сè што ѝ припаѓа на вистината, така што секој што сака може да го прими од неа животниот сок. Таа е врата на животот.

Св. Иринеј Лионски
Против ересите, III, 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк