Православен календар

Преподобниот монах Виталиј

22 април (по стар стил)

Во времето на патријархот Јован Милостив, се појави еден млад монах којшто штом дојде состави список на сите блудници во Александрија. Дење се грабаше да ги работи најтешките работи, а ноќе одеше во домовите на блудниците, ги даваше парите на некоја блудница и со неа ќе се затвореше в соба цела ноќ. Штом ќе се затвореа Виталиј ќе ја замолеше жената таа да легне да спие, а тој во аголот на собата цела ноќ ќе ја поминеше молејќи се на Бога за таа грешница. Така ќе ја сочуваше да не греши барем една ноќ. Наредната ноќ ќе отидеше кај друга, третата кај трета и така сè дури не ги изредеше сите, а потоа почнуваше од почеток. По неговите совети многу од овие жени го оставија својот валкан занает и едните се омажија, други отидоа во манастир, трети тргнаа да работат чесно за својот леб. На сите овие жени Виталиј им забрануваше да објавуваат зошто оди кај нив. Заради ова тој стана соблазна за цела Александрија. Луѓето на улица го навредуваа, го плукаа, а и го тепаа. Но тој трпеливо поднесуваше сè, покажувајќи ја својата добродетел пред Бога, а криејќи ја од луѓето. За него се дозна дури кога умре. На неговиот гроб почнаа да се случуваат многу чудесни исцеленија, народот од разни страни почна да ги донесува своите болни на гробот на свети Виталиј. Плукан од луѓето, придоби слава од Бога од Кого ништо не е сокриено.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Април
29
Април
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Агапија, Ирина и Хионија (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера должен е да ја огради својата вера како прво со авторитетот на Светото Писмо, а како второ со Преданието на Црквата. Но, можеби некој ќе праша: „канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието?“ Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг инаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку што постојат глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање... Што е тоа Предание? Тоа во што во Црквата верувале сите, секогаш и насекаде... Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил... бидејќи наш долг е не ние да ја водиме религијата каде што ќе посакаме, но да последуваме каде таа ќе нè одведе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.

Преп. Викентиј Лерински
Записи на Перегрин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк