Православен календар

Свети Јован, митрополит Евхаитски

15 јуни (по стар стил)

Наречен Маврон. Многу образуван, а воедно и духовен маж. Дури на старост, при царот Алексиј Комнен, стана митрополит Евхаитски. Прославен особено со тоа што му се јавија светите Василиј, Григориј Богослов и Јован Златоуст и му објаснија дека тие тројцата сите имаат еднаква слава на небото. По тоа видение стивна препирката кај народот за тоа кој од овие тројца светители е поголем, а кој помал. Свети Јован го состави и познатиот Канон кон Преслаткиот Исус и Канонот кон Ангелот-чувар, а освен ова остави и други корисни списи.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера должен е да ја огради својата вера како прво со авторитетот на Светото Писмо, а како второ со Преданието на Црквата. Но, можеби некој ќе праша: „канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието?“ Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг инаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку што постојат глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање... Што е тоа Предание? Тоа во што во Црквата верувале сите, секогаш и насекаде... Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил... бидејќи наш долг е не ние да ја водиме религијата каде што ќе посакаме, но да последуваме каде таа ќе нè одведе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.

Преп. Викентиј Лерински
Записи на Перегрин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк