Главниот заштитник на православната вера којшто ја водеше борбата со еретикот Ариј. Светиот Александар управуваше со Александриската Црква од 313 до 326 година. Живееше во тежок период на историјата на Црквата, кога беше неопходно да се заштитува православното вероисповедање од ереста на Ариј. Стремејќи се да го зачува единството на Православната Црква, светиот Александар со сета решителност се подигна на борба за вистината. Во многубројните пишани посланија и во беседите тој ги разобличуваше лажното учење и заблудите на ересоначалникот и на неговите приврзаници. Гледајќи ја непомирливоста на Ариј, светителот свика помесен собор (околу 320 година), на која ереста на Ариј беше осудена, а Ариј и неговите следбеници беа одлачени од Црквата. Без оглед на тоа, Ариј продолжи да сее раздор во Александриската, но и во другите Цркви. Затоа беше свикан и Првиот Вселенски Собор, на кој свети Александар беше еден од главните учесници. Соборот ја осуди ереста на Ариј и ја предаде на анатема. Дејност на светиот Александар, храбриот заштитник на апостолските догмати, ја обезбеди вистината на христијанското учење за Светата Троица. Свети Александар блажено се упокои во 326 година, а за свој наследник на патријаршискиот престол го остави својот ѓакон Атанасиј, кого Црквата го памети како Велики.
д | н | с | Декември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 18 | |
П | 2 | 19 | |
В | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Ч | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
С | 7 | 24 | |
Н | 8 | 25 | |
П | 9 | 26 | |
В | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Ч | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 | |
В | 31 | 18 |