Православен календар

Светата маченичка Еликонида

28 мај (по стар стил)

Родена во Солун. Воспитана во христијанското благочестие. Во времето на Гордијан и Филип премина во Коринт, каде што велегласно ги разобличи оние што им принесуваа жртви на идолите. Кога началникот Периниј ја советуваше да му принесе жртва на идолот Ескулап, Христовата маченичка му рече: „Слушај, јас сум слугинка на Христос, а кој е Ескулап не знам. Прави што сакаш.“ За ова беше изведена на суд и мачена со страшни маки. Беше фрлена во оган, но од телото и се излеа толку крв што огнот се угаси, а таа остана жива. Ја фрлија пред лавови, но тие не ја ни допреа, туку се умилкуваа околу неа. Ја пуштија во храм божем да им принесе жртва на идолите, а таа ги искрши сите идоли и со тоа уште повеќе го озлоби мачителот против неа. Кога лежеше во рани во затвор, и се јави Господ со архангелите Михаил и Гавриил, и ги исцели раните, ја утеши и ја укрепи. Потоа беше изведена на губилиште за да биде убиена со меч. Пред да ја убијат ги крена рацете нагоре и Му се молеше на Бога да ја приброи кон овците Негови во небесното трло. Кога ја заврши молитвата, се чу глас од небото: „Пријди, ќерко, за тебе има приготвено и венец и престол!“ Најпосле ја убија со меч и прими венец на слава од Господа, на Кого Му се жртвуваше од љубов, чиста и непорочна како јагне.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Јануари
16
Јануари
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Прор. Малахиј (IV п.Х.); Мч. Гордиј (IV)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љубовта покрива многу гревови“ (1Пет. 4,8). Односно, за љубовта кон другите Бог ги проштава гревовите на оној кој што љуби.

Св. Теофан Затворник. Писма
VI.949

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк