Православен календар

Светиот маченик Аскалон

20 мај (по стар стил)

Пострада во Антиној, град египетски, во времето на императорот Диоклецијан. Беше биен, стружен, горен со свеќи, но остана докрај непоколеблив во верата. Кога мачителот Аријан се превезуваше со кораб преку Нил, Аскалон со молитва го запре коработ насред река и не му даваше да се помрдне дури Аријан не потпиша дека верува во Христа како во единствен и семоќен Бог. Но, припишувајќи го тоа чудо на магиска вештина, мачителот заборави што потпиша и продолжи да го мачи Божјиот човек и понатаму. Најпосле, на Аскалон му врзаа камен на вратот и го фрлија во Нил. Третиот ден христијаните го најдоа неговото тело на брегот и чесно го погребаа, во 287 година. Со него пострада и светиот маченик Леонид. А нивниот мачител Аријан подоцна се покаја, поверува во Христа од сесрце и јавно почна да ја покажува својата вера пред незнабошците. Тогаш незнабошците го убија и него, та и некогашниот мачител на христијаните, Аријан, се удостои со маченички венец за Христа.

Сподели на твитер
днсЈули 2020
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Јуни
4
Јули
нов
стил
Саб., Апостолски пост. Риба.
Мч. Јулијан Тарсијски (305); Свмч. Терентиј, еп. Иконијски (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Унесреќен и за жалење е оној којшто е далеку од љубовта. Тој ги поминува своите денови во бладање, оддалечен од Бога, лишен од светлината и живее во темнина. Во кого ја нема љубовта Христова, тој Му е непријател на Христа. Тој оди во темнина и лесно станува плен на секој грев.

Преп. Ефрем Сирин
Слово за добродетелите и пороците

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк