Православен календар

Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија

13 јули (по стар стил)

Некои мислат дека овој светител не е некој друг туку Симон лепрозниот, кого што го исцели Господ. Светиот апостол Петар го постави за епископ и го испрати во незнабожечката Галија, каде што свети Јулијан претрпе големи неволји, но успеа да обрати во Христовата вера многуброен народ. Кога го крсти кнезот Дефенсон, тогаш мнозина поданици на овој кнез се приклонија кон вистинската вера. Со благодатта Божја правеше големи чуда: исцелуваше болни, изгонуваше демони и воскреснуваше мртви. Животот го заврши мирно и во времето на својата смрт му се јави насред бел ден на кнезот Дефенсон додека овој седеше на ручек.

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кој и да си ти, со каква работа и да се занимаваш, дај си сметка на себеси, на каков начин си го исполнил твоето дело: на христијански или на незнабожечки, т.е. потпирајќи се на самољубие и на животна корист. Христијанинот е должен да помни дека секое, дури и најмало дело, има морално начало. Христијанинот кој што го помни учењето на Исуса Христа е должен така да го исполнува секое свое дело што тоа би ја распространувало Божјата благодат и Царството Небесно помеѓу луѓето.

Св. Гавриил Имеретински
Годишен отчет

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк