Православен календар

Преподобен Антониј, Киево-печерски

10 јули (по стар стил)

Основоположник и татко на монаштвото во Русија. Роден е во малото место Љубеч близу Чернигов. Рано ја остави својата татковина и отиде на Света Гора, каде што се замонаши и се подвизуваше во манастирот Есфигмен. Според едно небесно јавување игуменот го упати во Русија за да создава таму монаштво. Тој си избра една пештера кај Киев. Кога околу него се собраа желните за монашки живот, тогаш тој им го постави за игумен Теодосиј, а самиот остана во пештерата во безмолвие. Со Божјиот благослов манастирот нарасна и стана матица на руското монаштво. Антониј претрпе многу злоба од луѓето и од демоните, но со својата кротост ги победи сите. Имаше голем дар на прозорливост и на исцелување на болни. Се престави кај Господа во 1073 година, во деведесеттата година од својот живот и остави духовен расадник, којшто му носи добри плодови на рускиот православен народ со векови.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ава Пимен рекол: оној кој што усилено сака да се здобие со љубов од луѓето се лишува од Божјата љубов. Не е добро на сите да им се допаѓаме, бидејќи е речено: „тешко вам, кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас“ (Лк. 6,26).

Древен старечник, 8. 16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк