Православен календар

Преподобните маченици Патермутиј и Коприј

9 јули (по стар стил)

Обајцата беа Египќани. Мачени од царот Јулијан Отстапник. Првиот имаше седумдесет и пет години, вториот четириесет и пет. Царот успеа да го одврати Коприј од Христовата вера и да го приклони кон идолите. Коприј извика: „На Јулијан му припаѓам, не на Христа!“ Но старецот Патермутиј го укори и му спомна за вечните маки, а Коприј се сепна, па извика пред царот:„Му припаѓам на Христос, а не на Јулијан!“ На обајцата им ги отсекоа главите со меч. Со нив пострада и Александар, еден од војниците на царот, којшто гледајќи ја нивната храброст во страдањето и самиот стана христијанин. Чесно пострадаа за Христа и кај Него заминаа во 361 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2021
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Октомври
26
Октомври
нов
стил
Вторник. Не се пости.
+Новомч. Злата Мегленска (1795); Мч-ци Карп, Папил, Агатодор и Агатоник (251)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Страстите се искоренуваат и бегаат од постојаното пребивање на мислите во Бога. Тоа е мечот којшто ги умртвува. Оној кој постојано мисли на Бога, тој ги прогонува од себе демоните и го искоренува семето на нивната злоба.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк