Православен календар

Света Марта

4 јули (по стар стил)

Мајката на Свети Симеон Дивногорец (под 24 мај). Со целата душа посветена на верата, таа и не помислуваше на брак. И кога родителите ја свршија за некој младич, намисли да го остави родителскиот дом и да се оддалечи од светот. Но ѝ се јави свети Јован Претеча и ја посоветува да им ја исполни волјата на родителите и да стапи во брак, како што таа и направи. Од тој брак се роди прекрасниот светител Симеон, подвижник Дивногорски. Света Марта имаше постојан обичај да станува на полноќ на молитва. Со голема милосрдност ги помагаше бедните, ги пригледнуваше сираците и им служеше на болните. Една година пред својата смрт виде големо мноштво Ангели со свеќи во рацете и од нив го дозна времето на своето упокојување. После ова со уште поголема усрдност се предаде на молитва и добродетел. Се упокои мирно во 551 година, а беше погребена крај стапалата на нејзиниот син Симеон Столпник. Посмртно повеќепати им се јави на луѓето заради поука и заради исцелување на болни. Како значајно се памти нејзиното јавување на настојателот на обителта на Свети Симеон. По погребот на света Марта игуменот постави на нејзиниот гроб кандило, со решение тоа никако да не се гаси. Но, по извесно време луѓето ги потфати мрзеливост и кандилото згасна. Тогаш настојателот се разболе, му се јави светителката и му рече: „Зошто не го палите кандилото на мојот гроб? Да знаете дека мене не ми е потребна светлината од вашите свеќи, бидејќи се удостоив кај Бога со Незалезната небесна светлина, но вам ви треба. Зашто кога заискрува на мојот гроб, светлината ме поттикнува да Го молам Бога за вас.“ Од ова е јасно дека со нашата почит кон светителите ги побудуваме како подостојни од нас да Го молат Бога за нашето спасение.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера должен е да ја огради својата вера како прво со авторитетот на Светото Писмо, а како второ со Преданието на Црквата. Но, можеби некој ќе праша: „канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието?“ Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг инаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку што постојат глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање... Што е тоа Предание? Тоа во што во Црквата верувале сите, секогаш и насекаде... Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил... бидејќи наш долг е не ние да ја водиме религијата каде што ќе посакаме, но да последуваме каде таа ќе нè одведе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.

Преп. Викентиј Лерински
Записи на Перегрин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк