Православен календар

Свети Андреј, архиепископ Критски

4 јули (по стар стил)

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божествената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Јерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон. На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Јерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од островот Крит. Напиша многу поучни книги, песни и канони, од кои најпознат е Великиот Канон на Пресвета Богородица, којшто се чита во четвртокот на петтата недела од Чесниот Пост. По надворешниот изглед беше таков, што секој којшто ќе го видеше неговото лице и ќе ги чуеше неговите медоточни зборови, се насладуваше и се поправаше.“ Смртта си ја претскажа еднаш кога се враќаше од Цариград кон Крит, велејќи дека нема да стаса дома. Така и се случи. Додека коработ минуваше крај островот Митилина, овој светилник на Црквата го заврши својот земен живот и се пресели со душата во Царството на Христос, во 712 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некому некогаш му направите милост – за тоа ќе бидете помилувани. Ако покажете сострадание кон оние кои страадат (а тоа не е големо дело) – ќе се приброите кон мачениците. Ако му простиш на оној кој те навредил, тогаш за тоа не само што ќе ти се простат сите гревови, но и чедо на Отецот Небесен ќе бидеш. Ако се помолиш од срце за спасение, дури и малку – ќе се спасиш. Ако се укориш себеси, се обвиниш и осудиш себеси пред Бога за гревовите кои што ги чувствуваш со совеста – и за тоа ќе бидеш оправдан. Ако жалиш за гревовите, или заплачеш, или воздивнеш, тогаш твојата воздишка нема да се скрие од Него, и како што вели св. Јован Златоуст: „Ако се погрижиш за твоите гревови, Он ќе го прими тоа за твое спасение.“

Преп. Мојсеј Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк