Православен календар

Светите маченици Аристоклиј, Димитријан и Атанасиј

20 јуни (по стар стил)

Аристоклиј беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Му се придружија и ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристоклиј го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Април
27
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Лазарева сабота
Св. Мартин исповедник, еп. Римски (655)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некои под името слобода сакаат да ја разберат способноста и незабранувањето да прават сè што сакаат... Луѓето коишто повеќе се препуштиле на робувањето на гревовите, страстите и пороците, почесто од останатите се покажуваат ревнители за надворешната слобода, колку што е можно поширока пред законите. Таквите луѓе надворешната слобода ја користат само за уште повеќе да се нурнат во внатрешното ропство. Вистинската слобода е дејствителна способност на човекот кој не е заробен од гревот и не е под товарот на грижата на совеста, да го избира она што е подобро, при светлината на Божјата вистина, и да го спроведе во дело со помош на благодатната Божја сила. Тоа е слободата која не е ограничена ниту од небото ниту од земјата.

Св. Филарет Московски
Слово на роденденот од императорот Николај I, 1851 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк