Православен календар

Преподобен Паисиј Велики

19 јуни (по стар стил)

Египќанец по раѓање и јазик. После едно видение во сон, мајка му го заветуваше да Му служи на Бога. Како момче дојде кај преподобен Памво, а овој го прими за ученик и соученик на преподобниот Јован Колов, којшто и го опиша житието на Паисиј. На голема радост на својот духовен отец, Паисиј најусрдно се трудеше, додавајќи подвиг врз подвиг. Повеќепати му се јавуваше Пророкот Јеремија, когошто тој особено го сакаше и почесто го читаше; често му се јавуваа и Ангели Божји, па и Самиот Господ Христос. „Мир на тебе, возљубен Мој угоднику!“, му рече Господ Исус Христос. Со голема благодат од Бога, Паисиј имаше голем дар да се воздржува од јадење. Често не вкусуваше леб по петнаесет дена, уште почесто по една недела, а еднаш, според сведоштвото на Јован Колов, седумдесет дена помина не вкусувајќи ништо. Имаше голема борба со духовите на злобата, коишто некогаш му се јавуваа такви какви што се, а некогаш во вид на светли Ангели. Но, благодатниот слуга Божји никогаш не дозволи да се прелаже и не се опрелести. Беше прозорлив и во сиот Египет прочуен за чудотворството. Во вечноста се пресели во 400 година. Преподобен Исидор Пелусиот ги пренесе неговите мошти во својата обител и чесно ги погреба.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Унесреќен и за жалење е оној којшто е далеку од љубовта. Тој ги поминува своите денови во бладање, оддалечен од Бога, лишен од светлината и живее во темнина. Во кого ја нема љубовта Христова, тој Му е непријател на Христа. Тој оди во темнина и лесно станува плен на секој грев.

Преп. Ефрем Сирин
Слово за добродетелите и пороците

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк