Православен календар

Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

18 јуни (по стар стил)

Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикајте трипати кон небесата, ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение Ипатиј им го раскажа на своите другари и тие сите едногласно извикаа како што ги посоветува ангелот. Ипатиј одеднаш оздраве. Ова чудо ги восхити сите, а особено еден од нив по име Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул отидоа напред, да го најдат војводата Леонтиј. А Леонтиј ги прими убаво и ги нагости. Кога им ја изложи својата вера во Христа, нивните срца се разгореа со љубов кон Него, и во тој час светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул и од облакот падна на нив роса. Со ова Самиот Дух Божји ги крштеваше новообратените души, а свети Леонтиј во оној миг ги изговори овие зборови: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“. Кога дозна Адријан дека и Ипатиј и Теодул станале христијани, нареди да ги бијат безмилосно, а потоа главите да им ги отсечат со секира. Такво беше кончанието на тие две духовни чеда на свети Леонтиј. Тогаш Адријан наложи лути измачувања за Леонтиј, но тој остана непоколеблив во својата Света вера. Телото цело му го покрија со рани, но светителот усрдно Му се молеше на Бога да не го остава. Сред најлутите маки му се јави ангел Господов и го охрабри и го утеши. Најпосле го легнаа маченикот на земја и го тепаа додека не Му го предаде својот дух на Бога. Страдањето на свети Леонтиј го виде со свои очи еден кир Нотариј, којшто сето тоа го запиша на оловни плочи, а плочите ги положи во гробот на маченикот. Свети Леонтиј пострада чесно во 73 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љуби ги грешниците, но мрази ги нивните дела и не ги осудувај грешниците поради нивните недостатоци, за да самиот не паднеш во нивното искушение... На никого немој да се гневиш и никого немој да мразиш, ни поради верата, ни поради неговите лоши дела... Немој да гаиш омраза кон грешникот затоа што сите ние сме имаме вина... Мрази ги неговите гревови и моли се за него, за да се уподобиш на Христа Кој не негодувал за грешниците, но се молел за нив.

Преп. Исаак Сирин. Поуки, 57, 90.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк