Православен календар

Светиот свештеномаченик Картериј

8 јануари (по стар стил)

Свети Картериј живееше во времето кога царуваше императорот Диоклецијан. Тој беше свештеник и учител на христовата вера во Кесарија Кападокиска, во времето на управувањето на прокураторот Урван. Тој изгради храм Божји, собра околу себе многубројна паства која ја поучуваше да го почитува Христа со Отецот и Светиот Дух како Единствен вистинит Бог. Ревносниот служител Христов беше наклеветен пред прокураторот, и затоа се сокри. Но, Господ му се јави и му рече: „Картериј, оди и застани пред прокураторот, Јас ќе бидам со тебе. Ти претстои многу да пострадаш заради Моето име, но многумина преку тебе ќе поверуваат и ќе се спасат.“ Светителот се исполни со голема радост, Му заблагодари на Господа и го извести прокураторот каде живее, па го фатија и го ставија во затвор. Кога беше изведен пред прокураторот, му беше наредено да принесе жртва пред Серапис (египетско божество што се почитуваше и во Римската империја). Но, по молитвата на светителот, статуата на лажниот бог се сруши на земја. Тогаш, по заповед на прокураторот, 16 војници почнаа да го бијат со палки исповедникот Христов, откако четворица од нив го легнаа на земја. Потоа, мачителите го обесија светиот Картериј на дрво и му ги извадија ноктите на рацете и нозете, а телото му го растргнуваа со железни куки. Но, на маченикот му се јави Ангел Господов и му ги излекува раните, па тој остана неповреден по сите тие тешки измачувања. Мачителот заповеда да го симнат од дрво, да му ги прободат стапалата со железни прачки и да му стават на градите вжештено железо и да го седнат на вжештена железна столица, а со прачките да му ги истегнуваат нозете. После тие тешки мачења, маченикот беше фрлен во затворот. Вечерта му се јави Господ Исус Христос, го исцели и го ослободи од веригите и го изведе од затворот. Кога луѓето го видоа маченикот исцелен од сите тешки рани кои му беа нанесени, поверуваа во Бога и почнаа да се крстат, добивајќи истовремено исцелување од болестите од кои страдаа. Мачителите повторно го фатија Картериј и повторно го измачуваа: на нозете му беа обесени тешки камења, беше биен со палки по стомакот, го гореа со оган и на раните му ставаа сулфур и смола. Во устата му ставаа стопено олово, а на главата вжештен шлем. На крај, го фрлија во оган, но маченикот пеејќи благодарствени песни излезе неповреден од огнот. Тогаш еден евреин, кој присуствуваше на мачењето, се разгневи и фрли копје кон него, нанесувајќи му смртоносен удар во ребрата. Од раната на светиот маченик излезе голема количина вода, а потоа и крв и маченикот Христов Му ја предаде на Бога својата света душа.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Едно зло од друго добива сила: на ист начин и доброто возрастува едно од друго, и тој којшто го има - го побудува на повеќе.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2,93

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк