Православен календар

Светиот маченик Телемах

1 јануари (по стар стил)

Светиот Телемах беше отшелник – монах. Дојде во Рим за прославата на Рождеството Христово. Во тоа време во Римската империја сè уште постоеја гладијаторски борби кои беа голема забава за гледачите. Телемах се разгоре со духот против тоа беззаконие, та влезе во гладијаторската арена на сред борба и им викна на гладијаторите да ја прекинат борбата. Еден од гладијаторите го удри со мечот светителот и тој падна долу, но повторно стана и повторно им заповеда на гладијаторите да ја прекинат борбата. Тогаш другиот гладијатор го прободе Телемах со мечот во стомакот, и тој, откако по третпат извика да ја прекинат борбата, падна на земјата и умре облеан со крв. Сите што тоа го гледаа замолкнаа и го напуштија Колосеумот. Тоа се случи на 1 јануари 404 година, и тоа беше последната гладијаторска борба во империјата, бидејќи три дена подоцна императорот издаде указ со кој се забрануваат сите гладијаторските борби.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Април
6
Мај
нов
стил
Пон., Светла седм. Не се пости.
Светол Понеделник
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Целта на промислата Божја е луѓето разделени од злото на разни начини, да се соединат со посредство на правилната вера и духовната љубов. Поради тоа и пострада нашиот Спасител „за да ги собере во едно расеаните чеда Божји“ (Јн. 11, 52)

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 4.17

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк