Православен календар

Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем

29 декември (по стар стил)

Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Јерусалим за да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена доследно. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија. И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко плачење, „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема“, како што е и пророкувано (Јеремија 31, 15; Матеј 2, 18). Ова злосторство над многубројните невини деца се изврши една година по раѓањето на Исуса Христа, на 29 декември. За сето тоа време Ирод трагаше за да Го пронајде Божествениот Младенец. Му го бараше на Захарија син му Јован, се разбира за да го убие, зашто мислеше дека Јован е тој нов Цар. Па бидејќи Захарија не го даде Јован, по наредба на Ирод самиот Захарија го убија во храмот. Ќе го убиеја и светиот Симеон Богопримец, ако после Сретение не се упокоеше во Господа. Откако ги уби витлеемските деца, Ирод се наврте на еврејските старешини коишто му толкуваа каде треба да се роди Месијата. Го уби првосвештеникот Иркан и други седумдесет старци од Синедрионот. Така, зло завршија и оние коишто се согласуваа со Ирод дека новиот Цар Младенец треба да биде убиен. Потоа ги уби своите - брат му, сестра му и жена му и тројцата свои синови. Најпосле и него го постигна Божја казна: почна сиот да се тресе, нозете му потекоа, долниот дел од телото му загнои, а од гнојот потекоа црви, носот му се затвори и од него се ширеше неподнослива смрдеа. Пред да издивне се сети дека во затворот има многумина Евреи коишто би се израдувале на неговата смрт, па заради тоа нареди сите да ги убијат. Така ја испушти својата нечовечна душа овој грозен владетел и им ја предаде во вечна сопственост на демоните.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако го видиш ближниот во грев, не гледај само на тоа, но подразмисли што добро тој направил или прави, и не ретко ќе најдеш дека тој е подобар од тебе.

Св. Василиј Велики
Беседи. 20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк