Роден е во Прилеп. Тој е еден од многубројните плодоносни изданоци на велелепната лоза на Синаитите, кои поттикнати од својот предводник и светилник, преподобниот Григориј Синајски, им го предаваа словото за умносрдечната молитва Исусова на оние што имаа жед да си ги очистуваат срцата со Божествениот оган, та да живеат и да умираат само за Господа. Никодим од детството беше воспитан во побожност и во секое целомудрие. Како многу надарено момче, ревносно им се посвети на науките од она време, особено на Божествената наука на Светото Писмо и на православната теологија. Од сè срце го засака монашкиот живот и Го молеше Бога да го удостои со монашки чин. Бог му ја исполни оваа желба испраќајќи кај него некои монаси од светогорскиот манастир Хиландар. Тој веднаш замина со нив на Атос, каде се замонаши и брзо се извиши со својот рамноангелен подвиг, па беше удостоен и со свештенички чин. По смртта на игуменот, како монах совршен во добродетелите и исполнет со секое Божествено и човечко знаење, за игумен еднодушно го избраа свети Никодим. Бидејќи голема духовна светилка, им беше познат и омилен на балканските подвижници и црковни пастири од она време. Според неиспитливите патишта Божји, замина од Света Гора во Србија, каде светиот кнез Лазар сакаше да го издигне на висока духовничка позиција. Желен за молитвено тихување во осаменост, блажениот му заблагодари на премудриот кнез, но го одби, а се насели во близината на Кладово, покрај Дунав. Тука на пастирот, кој повеќе сакаше да се потпре на десницата Божја отколку на почитта на чесниот овоземен кнез, Самиот Бог повторно му донесе стадо кое постојано раснеше во Духот и се умножуваше. Имено, со својот возвишен живот, свети Никодим и овде заблесна толку многу, што околу него се собраа многубројни монаси од Света Гора и од други краишта на Балканот. Тука подигна црква посветена на Пресвета Троица и во новоустроениот манастир го воведе подвигот на светогорските исихасти. Потоа по Божјо откровение со дел од браќата од манастирот кај Кладово премина на другата страна на Дунав и се насели во Угровлашките краишта, во северински Банат, близу денешниот град Тур-Северин во Романија. Заедно со овие монаси на реката Водица свети Никодим устрои прекрасен манастир посветен на свети Антониј. Во 1374 година влашкиот господар Владислав-Влајка Воде со повелба ја потврди самовласноста на манастирот Свети Антониј на Водица. Заради неговата извонредна ученост и мудрост, повикан од кнезот Лазар, свети Никодим ја помагаше дипломатската мисија за помирување на Српската и Цариградската Патријаршија. Потоа во Влашка, со помош на влашкиот војвода Раду I (1377 – 1384 г.), го подигна големиот манастир Тисман, кој се наоѓа на реката Тисман, а ѝ е посветен на Пресвета Богородица. Свети Никодим устрои уште неколку цркви и манастири во Романија (црквите Вратну и Монастирицу и манастирот Прислоп). Сите негови манастири станаа духовни расадници на монаштвото и на духовниот живот во Влашка, Молдавија и воопшто за цела Романија. Затоа православните Романци свети Никодим го почитуваат како свој просветител, а го именуваат со благодатното име Осветен. Се упокои во Господ на 26 декември 1406 година во манастирот Тисман, каде што до денес почиваат неговите Свети мошти.
д | н | с | Декември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 18 | |
П | 2 | 19 | |
В | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Ч | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
С | 7 | 24 | |
Н | 8 | 25 | |
П | 9 | 26 | |
В | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Ч | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 | |
В | 31 | 18 |