Православен календар

Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница и другите со неа

22 декември (по стар стил)

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата (заради што е наречена Узорешителница, односно онаа која ги одврзува јажињата). По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж - царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш светата Анастасија почна слободно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостина на сиромасите. Еднаш, царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше света Анастасија. На заповед од царот, на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде светата Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка, и заради тоа ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад, света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган, да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.

Сподели на твитер
днсЈануари 2019
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Јануари
16
Јануари
нов
стил
Среда. Не се пости.
Прор. Малахиј (IV п.Х.); Мч. Гордиј (IV)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог ги слуша и ги исполнува молитвите на човекот кога тој ги исполнува Неговите заповеди. „Слушај Го Бога во Неговите заповеди, - вели свети Јован Златоуст, - за и Он да ги слушне твоите молитви.“ Човекот кој ги запазува заповедите Божји секогаш е мудар, трпелив и искрен во своите молитви. Тајната на молитвата се состои во запазувањето на заповедите Божји.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн.3,22

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк