Православен календар

Светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан

16 февруари (по стар стил)

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Египет, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Јеремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погреба. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Сподели на твитер
днсЈули 2025
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јули
18
Јули
нов
стил
Петок. Пост.
+Преп. Атанасиј Атонски (1000); Прмц. кн. Елисавета и мон. Варвара (1918)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, ги разбравме ли големите обврски кои преку крштението сме ги зеле на пред Бога? Осознавме ли дека сме должни да се однесуваме како деца Божји, дека сме должни да ја поистоветиме нашата волја со волјата Божја, дека треба да бидеме слободни од грев, дека сме должни да Го љубиме Бога се целото наше срце, и со нетрпение да го очекуваме соединувањето со Него засекогаш? Сме се размислиле ли за тоа дека нашето срце треба да биде исполнето со љубов, така што таа да се излива на нашиот ближен? Имаме ли ние чувство дека сме должни да станеме свети и совршени чеда Божји и наследници на Царството Божјо? Поради сето тоа ние сме должни да се бориме, за да не бидеме недостојни и исфрлени. Никој од нас да не ја изгуби својата смелост, да не биде невнимателен кон својата должност, да не се исплаши пред тешкотиите на духовната борба. Затоа што ние за помошник Го имаме Бога, Кој што нè крепи на тешкиот пат на добродетелите.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк