Православен календар

Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски

12 февруари (по стар стил)

Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против ариевата ерес којашто не Го признаваше Синот Божји за Бог и хулеше на Пресвета Троица. Еретиците трипати го оддалечуваа од неговиот архиепископски престол на прогонство во Ерменија. Борбата меѓу православните и еретиците се водеше толку огорчено, што еднаш кога свети Мелетиј му зборуваше в црква на народот за Божествената Троица во единство, неговиот сопствен ѓакон, еретик, притрча и му ја затвори устата на владиката со рака. Не можејќи да зборува со јазикот Мелетиј зборуваше со знаци. Имено, ја подигна раката нагоре, ги отвори прво трите прста и му ги покажа на народот, потоа ја склопи раката и подигна еден прст. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор, каде што уживаше особени почести од страна на царот Теодосиј. На тој Собор Бог покажа чудо преку овој свет архијереј: кога Мелетиј им ја докажуваше на ариевците догмата за Света Троица, тој прво подигна три прсти, раздвоено, еден по еден, па потоа ги склопи во едно. Во тој миг пред сите присутни од неговата рака блесна светлина како молња. На тој Собор свети Мелетиј го утврди Григориј Богослов на Цариградскиот престол. Порано тој го ракоположи свети Василиј Велики за ѓакон, а го крсти свети Јован Златоуст. По завршувањето на Соборот го заврши и својот овоземен живот во Цариград. Неговите мошти се пренесени во Антиохија.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Март
17
Март
нов
стил
Пон., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Герасим Јордански (475); Блгв. кн. Даниил Московски (1303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Бог и гревот се наоѓаат на две спротивни страни. Никој не може да се сврти со лицето кон Бога, ако претходно не се заврти со грбот кон гревот... Кога човек се завртува со лицето кон Бога, сите негови патишта водат кон Бога. Кога човек се одвратува од Бога, сите негови патишта водат кон погибел. Кога човек сосема се одрекува од Бога и со збор и со срце, тој веќе не е способен да направи ништо што нема да биде за негово потполно разрушување, и телесно, и душевно.

Св. Никола Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк