Православен календар

Светиот маченик Никифор

9 февруари (по стар стил)

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но, кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите. Така беше заслепен од омразата. Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сè беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

Сподели на твитер
днсДекември 2025
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
23
стар
стил
Ноември
6
Декември
нов
стил
Саб., Божикен пост. Риба.
Св. Амфилохиј, еп. Иконијски (после 394); Св. Григориј, еп. Акрагантски (VI-VII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Умот на човекот кој го љуби Бога се бори не против работите или мислите за нив, но против страстите што се поврзани со тие мисли. Односно, тој се бори не против некоја жена, не против оној што го навредил, и не против нивните претстави кои што се појавуваат во умот, туку против страстите, кои се поврзани со тие претстави.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.40

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк