Православен календар

Свети маченички Доротеја, Христина, Калиста и маченикот Теофил

6 февруари (по стар стил)

Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци Твои!“ Некој присутен големец Теофил ѝ се насмеја на Доротеја за овие зборови и ѝ довикна: „Чуј, невесто Христова, испрати ми јаболки и цвеќе од шипинките од Рајот на твојот женик!“ „Навистина ќе ти испратам!“, му одговори маченичката. Кога Доротеја беше на губилиштето одеднаш се појави едно прекрасно момче со три чудесни јаболка и три црвени цвета од шипинки, а беше зима. Тоа беше ангел Господов. Доротеја му рече на ангелот да му ги однесе на Теофил и да му рече: „Еве ти што бараше!“ Кога Теофил ја прими пораката и го виде дарот, сиот го обзеде страв. И сè се преврте во него, па тој, закоравен незнабожец, стана христијанин. Беше и мачен и убиен за Христа, а отиде со душата во Рајот на Господа Исус набрзо после светата Доротеја.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Октомври
10
Ноември
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Мч. Параскева (III); Преп. Јов Почаевски (1651); Св. Димитриј Ростовски (1709)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не се труди со разобличувања да му принесеш полза на оној кој се фали со добродетелите, бидејќи оној што сака себеси да се покажува, тој не може да биде љубител на вистината.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 222

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк