Православен календар

Преподобен Никита Печерски

31 јануари (по стар стил)

Како монах не го послуша игуменот и се оддалечи од манастирот и се затвори во една келија. Заради непослушноста, Бог допушти врз него едно големо искушение. Еднаш кога беше на молитва му се јави ѓаволот во вид на светол ангел и му рече: „Немој веќе да се молиш, туку читај книги, а јас ќе се молам за тебе!“ Никита послуша, престана да се моли и почна да чита книги. Го читаше само Стариот Завет, а Новиот никако не можеше ни да го отвори, зашто не му даваше силата ѓаволска. Со помош на ѓаволот и пророкуваше, и тоа само злосторства, грабежи, пожари и други зли дела, кои на ѓаволот му се познати затоа што во нив самиот учествува. Најпосле светите отци печерски увидоа дека Никита паднал во ѓаволска прелест и почнаа да Го молат Бога за него. Се поврати, ја увиде пропаста во која западнал, горко се покаја за гордоста и непослушноста и се исправи на својот пат. После долго каење и многу солзи Бог му прости и го дарува со дар на чудотворство. Се упокои во 1108 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
14
стар
стил
Април
27
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Лазарева сабота
Св. Мартин исповедник, еп. Римски (655)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Гордоста не ѝ дава на душата да стапи на патот на верата. На неверникот јас му давам ваков совет – нека рече: Господи, ако Ти постоиш, просветли ме и ќе Ти служам со целото срце и душа.“ И за таквата смирена мисла, и спремноста да Му се послужи на Бога, Господ задолжително ќе го просветли... И тогаш душата ќе го почувствува Господа; ќе почувствува дека Господ ѝ простил и ја љуби, и од опит ќе познае и благодатта на Светиот Дух во душата ќе сведочи спасение, и таа ќе посака да извика кон сиот свет: „колку многу нè љуби Господ.“

Преп. Силуан Атонски. Писма, III.6.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк