Православен календар

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј

26 јануари (по стар стил)

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Јерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној што е смирен и кој води духовен живот, кога го чита Светото Писмо разбира дека сè се однесува на него, а не другите.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 1.6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк