Православен календар

Свети Павлин Милостив

23 јануари (по стар стил)

Свети Павлин Милостив, епископ Нолански, потекнуваше од благородно и богато семејство од градот Бордо (Франција). Поради неговата висока образованост, како дваесетгодишен младич беше избран за римски сенатор, а потоа стана конзул и, на крај, гувернер на областа Кампанија, во Италија. На дваесетипетгодишна возраст заедно со својата сопруга се обрати во христијанството и беше крстен. Потоа, тој сосема го измени својот начин на живот: го продаде сиот свој имот, а добиените пари ги раздаде на оние кои имаа потреба, заради што беше потребно да го трпи презирот на своите пријатели и на слугите. Немајќи свои деца, благочестивите сопружници посвојуваа бедни сираци и ги воспитуваа во страв Божји. Тежнеејќи кон отшелнички живот, светиот Павлин отиде во шпанскиот град Барселона. Гласот за неговиот подвижнички живот се рашири насекаде, па во 393 година го умолија да прими свештенички чин. Набргу потоа, тој ја напушти Шпанија и дојде во градот Нола (Италија), каде што беше избран за епископ. Кога вандалите ја нападнаа Италија и многу нејзини жители грабнаа во плен и ги однесоа во Африка, тогаш светиот Павлин го употреби црковниот имот за да ги откупи пленетите. Еднаш, наоѓајќи се без средства да го откупи синот на една сиромашна вдовица, тој самиот отиде во ропство наместо него. Во бедна облека светиот Павлин му служеше на вандалскиот кнез. Наскоро, неговата тајна беше откриена, и тој не само што доби слобода, туку по неговото застапништво сите пленици беа ослободени, и сите заедно се вратија во татковината. Човекољубието и состраданието кон бедните и кон сите коишто имале нужда од помош претставувааа одлика на неговиот карактер. Светиот Павлин е познат како храмоградител и христијански поет. Се упокои на 78 годишна возраст, на 22 јуни 431 година. Од него се зачувани неколку химни и песни кои содржат различни морални поуки, проникнати со длабоко благочестие. Неговите мошти се чуваат во Рим, во храмот на светиот апостол Вартоломеј.

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Март
21
Март
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Теофилакт исповедник, еп. Никомидијски (845)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога ќе слушнеш дека твојот ближен или другар те укорил во твое отсуство или пак во твое присуство - тогаш покажи љубов и пофали го.

Преп. Јован Лествичник
Лествица, 22.15

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк