Православен календар

Преподобниот маченик Анастасиј

22 јануари (по стар стил)

Родум од Персија (Иран). Незнабожечкото име му е Магундат. Татко му беше маг. Во тоа време, персискиот цар Хозрој го зазеде светиот град Јерусалим и од таму во плен во Персија го донесе дрвото на Крстот Господов. Крсното дрво толку восхитуваше со необични чудеса што многумина говореа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Слушајќи за тоа, младиот Магундат почна да се распрашува за земниот живот на Спасителот и срцето негово го допре Божјата благодат и во неговата душа се запали огнот на верата. Служејќи како војник во војската на царот Хозрој, Магундат беше испратен да војува со Византија. Таму Магундат ја напушти својата војска, бидејќи претпочиташе да живее во беда и неизвесност помеѓу христијаните, отколку во богатство и почит во својата татковина помеѓу незнабожците. Првин отиде во градот Јерапол каде најде еден Персиец христијанин и остана да живее кај еден него. Потоа дојде во Јерусалим, каде што прими Крштение и го доби името Анастасиј. Стапи во манастир и таму се подвизуваше, украсувајќи се себеси со смиреномудрие, кротост и трудољубивост. По седум години поминати во манастир, воочи празникот на Воскресението Христово, му беше откриено дека го чека маченичка смрт за Христа. Тој го напушти манастирот и отиде во Кесарија, која тогаш беше заземена од Персијците. Таму го проповедаше Христа и го разобличуваше незнабоштвото. Беше фатен и обвинет дека е шпион. Го изложија на жестоки маки и го принудуваа да се одрече од Христа и да се врати во персиската вера. Долго го држеа во затвор и во маки, но тој остана непоколеблив. Најпосле самиот цар Хозрој му изрече смртна пресуда. Беше удавен заедно со уште 70 христијани, а главата му ја отсекоа и му ја пратија на царот Хозрој.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Никој никогаш нема да направи добро со помош на зло, затоа што при таквиот обид самиот ќе биде победен од злото. Спротивно на тоа - доброто го исправа злото.

Преп. Варсануфиј Велики
Раководство, 15

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк