Православен календар

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

17 декември (по стар стил)

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Јерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, светиот Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема прозорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но, им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според свети Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживеаја длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, а Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се вбројува меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Јеремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ Го дал на земјата Светиот Дух, и во оној во кого Он живее, тој го чувствува рајот во себе. Можеби ти ќе речеш: „зошто во мене нема таква благодат?“ Затоа што ти не си се предал на волјата Божја, но живееш по својата. Погледнете на оној којшто ја љуби својата волја. Тој никогаш нема мир во својата душа и секогаш заради нешто не е задоволен. А оној што совршено се предал на волјата Божја, тој има чиста молитва, неговата душа Го љуби Господа и нему сè му е пријатно и мило.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк