Православен календар

Светата царица Теофанија

16 декември (по стар стил)

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Сре., Светла седм. Не се пости.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној што е смирен и кој води духовен живот, кога го чита Светото Писмо разбира дека сè се однесува на него, а не другите.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 1.6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк