Православен календар

Свети маченик Евгениј

13 декември (по стар стил)

Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј - свештеник, а Мардариј - прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Аксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј - во огнена печка. Пред смртта, Евстратиј се причести во затворот од свети Власиј (се слави на 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие свети Петочлисленици. Во таа црква се случувало да ги видат и живи, а свети Орест му се јави и на свети Димитриј Ростовски (се слави на 28 октомври). Од свети Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ ги трпи сите човечки немоќи, но не го трпи човекот којшто секогаш ропта, и таквиот не го остава без вразумување.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 85

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк