Православен календар

Преподобен Стефан Новосјаен

9 декември (по стар стил)

Овој Божји угодник е роден и воспитан во Цариград, во домот на неговите родители Захарија и Теофанија. Татко му беше свештеник во Големата Црква во времето на патријархот Методиј. Кога го носеше зачнат во нејзината утроба, мајка му се хранеше само со леб и вода. Кога се роди младенецот, на неговите гради сјаеше крст од светлина. Заради ова, а и заради неговиот чист и богоугоден живот, наречен е Новосјаен. Во осумнаесеттата година од животот Стефан се затвори при црквата на Свети апостол Петар и таму се предаде на подвиг на пост и молитва. Еднаш му се јави Светиот Петар и му рече: „Мир на тебе, чедо, добро започна, Господ да те укрепи!“ Потоа поживеа многу години при црквата на Светиот маченик Антипа. Нему овој светител му се јави и го укрепи со зборовите: „Знај дека нема да те оставам“. Стефан си налагаше сѐ поглеми подвизи. Се хранеше со несолено зелје двапати неделно. Се подвизуваше заради Небесното Царство педесет и пет годни и се упокои во Господ во 829 година, во седумдесет и третата година од својот овоземен живот.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јуни
14
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Мч-ци Јустин Философ и со него постраданите (166); Св. Јустин Ќелијски (1979)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не им дозволувај на очите да шетаат ваму-таму, и не се загледувај во туѓата убавина, за да не те собори твојот непријател, ѓаволот, со помош на твоите очи.

Преп. Ефрем Сирин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк