Православен календар

Светиот Порфириј Кавсокаливит

19 ноември (по стар стил)

Роден е во 1906 година во семејство на благочестиви, но многу сиромашни родители, на островот Евија. Се описмени читајќи Библија и богослужбени книги. На свои 12 години, откако го прочита житието на светиот Јован Колибар, толку беше вдахновен од преподобниот, што реши да го подражава, па уште истата година замина на Света Гора, каде што беше примен во Кавсокаливитскиот скит, каде помина 6 години како послушник, пред да биде потстрижан во монах. Во 1924 година сериозно се разболе, та беше испратен на лечење надвор од Света Гора. Таму, во 1926 година, се сретна со Синајскиот архиепископ Порфириј, кој беше толку впечатлен од духовните дарови на младиот монах, што го ракоположи во свештенички чин и му го даде своето име – Порфириј. Во 1940-тите години дојде во Атина, каде беше назначен за парохиски свештеник во црквата Свети Герасим, на Атинската поликлиника, близу до плоштадот Омонија. На тоа место служеше до 1973 година, и за тоа време на илјадници луѓе им помогна да најдат душевен мир, а бидејќи се стекна со дар на исцеление, многумина од нив ги исцели од болестите. Откако се пензионираше во 1973 година, се повлече во манастирот Преображение Господово, којшто самиот го основа. Не долго пред својата смрт, беше известен за денот и часот на упокојувањето. Замина на Света Гора, каде се претстави пред Господа, на 2 декември 1991 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не труди се со спорење да решиш нешто тешко, туку со она со што заповеда духовниот закон: со трпение, молитва, и мисловна надеж на Бога.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 12

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк