Љубовта кон Христа се разгранува на љубов кон ближниот, љубов кон вистината, љубов кон светоста, кон мирот, кон чистотата, кон сè Божествено, кон сè бесмртно и вечно... Сите тие видови на љубов се природни пројавувања на љубовта кон Христа. Христос е Богочовек, и љубовта кон Него значи секогаш љубов кон Бога и љубов кон човекот... Љубејќи Го Христа Бога, ние поради Него го љубиме и во луѓето сето она што во нив е Божествено, бесмртно, христоподобно. Ние не можеме вистински да ги љубиме луѓето ако не ги возљубиме поради тие причини. Секоја друга љубов е лажна љубов, која лесно се претвора во нељубов, во омраза кон луѓето. Вистинската љубов кон човекот произлегува од љубовта кон Бога, а љубовта кон Бога расте по мерата на запазување на заповедите Божји.
Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 4,20 5:2