Православен календар

Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив

10 август (по стар стил)

Кога загина папата Стефан (15 август), на негово место беше поставен свети Сикст, кој беше роден како атињанин и најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен да го уништи христијанството и папата Сикст набрзо беше изведен на суд заедно со неговите двајца ѓакони Феликисим и Агапит. Кога ги поведоа во затвор, архиѓаконот Лаврентиј му рече на папата: „Каде одиш, отче, без синот? Каде архијереју без својот ѓакон?“ Папата го утеши прорекувајќи му дека тој и уште поголеми маки ќе претрпи заради Христа наскоро и ќе појде по него. И навистина, штом го заклаа Сикст и оние негови двајца ѓакони, беше фатен и Лаврентиј. Претходно тој ги уреди сите свои и црковни работи. Како црковен ризничар и економ, сите црковни скапоцености ги пренесе во домот на некоја вдовица Киријакија. Во таа прилика ја исцели Киријакија од некоја тешка главоболка со допирот на раката, а на слепецот Крискент му го врати видот. И кога го фрлија во затвор, го исцели од слепило тамошниот долгогодишен затвореник Лукилиј и потоа го крсти. Штом го виде тоа се крсти и затворскиот стражар Иполит, којшто потоа и самиот пострада за Христа (26 август). Бидејќи Лаврентиј не сакаше да се одрече од Христа, туку уште и го советуваше царот Декиј тој да се откаже од лажните богови, по лицето го тепаа со камења, а по телото со скорпион, еден вид синџир со остри запци. Некој војник Роман, присутен на мачењето, поверува во Христа и беше веднаш убиен заради тоа. Најпосле, Лаврентиј го положија гол во железна леса и наложија оган. Дури се печеше на огнот Му благодареше на Бога и го исмеваше царот за неговото незнабоштво. Откако маченикот ја предаде неговата чиста и храбра душа на Бога, Иполит тајно го зеде неговото тело ноќе и најпрво го однесе во домот на Киријакија, а потоа во една пештера, каде што чесно го погреба. Свети Лаврентиј и останатите пострадаа во 258 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како да дознаеш дали живееш по волјата Божја? Еве знак: ако жалиш за нешто, значи не си се предал целосно на волјата Божја. Оној којшто живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако му е потребно некаква ствар, тој и себеси и стварта ги предава на Бога, и ако не ја добие, тој сè едно останува спокоен, исто како да ја има. Душата којашто се предала на волјата Божја од ништо не се плаши: ни од закана, ни од разбојници, од ништо. Што и да ѝ се случи таа вели: „така на Бога Му е угодно.“ Ако настапи болест тогаш вака размислува: значи на мене ми е потребна болеста, инаку Бог не би ми ја дал. И така го сочувува мирот во душата и во телото.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк