Православен календар

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

2 август (по стар стил)

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, кој плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив. И според заветот што го остави, и самиот Гамалиил беше овде погребан. Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на свети Стефан. Во 415 година, во времето на Ерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и подробно му раскажа сè за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови. Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски. Тогаш моштите на свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква. Од моштите на свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној кој прв ја пролеа својата крв за Неговото име.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Август
8
Септември
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч-ци Адријан и Наталија и други 23 со нив (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Гревот е болест која што се внедрува во природата на човекот. Грешниот впечаток и порочната наслада остават во душата и во телото трага, која станува сè подлабока при повторувањето на гревовните дејствија и која создава наклоност кон гревовното дејствие и некоја жед кон гревот. Затоа, како што понекогаш телесниот лекар, внедрената во телото заразна рана болно ја изгорува или ја отсекува со железо, така и Лекарот на душите и телата го употребува орудието на скрбта за да ги истргне корените и да ги избрише трагите на гревот и со огнот на страдањето ја изгорува заразата на наклоност кон гревовните наслади.

Св. Филарет Московски
Проповед на 5 јули 1848 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк