Православен календар

Светиот свештеномаченик Валентин

30 јули (по стар стил)

Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот на познатиот философ Кратон, тогаш, посоветуван од Фронтан, Кратон го повика Валентин во Рим. Херимон беше сиот згрчен, така што главата му беше свиткана меѓу колената. Валентин се затвори во собата со болниот и цела ноќ ја мина во молитва. Утредента го изведе Херимон наполно здрав и го предаде на татко му. Поради тоа чудо се крсти Кратон со целиот свој дом и со своите тројца ученици. Херимон го остави татковиот дом и тргна по Валентин. Тогаш се крсти и синот на римскиот епарх Авундиј. Разјарен од ова, епархот го фати Валентин и откако го мачеше го уби со меч. Тогаш беа убиени и тројцата ученици на Кратон: Прокул, Евив и Аполониј. Нивните тела ги зеде Авундиј и чесно ги погреба. Сите пострадаа во 273 година и станаа граѓани на Небесното Царство.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Сре., Светла седм. Не се пости.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нашиот свет се раководи според два принципи и извори: според Бога и според ѓаволот. Сè што е добро во човечкиот свет како свој почеток и извор Го има Бога, а сè што е лошо како свој почеток и извор го има ѓаволот.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 3,11

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк