Православен календар

Свети Олаф, крал на Норвешка

29 јули (по стар стил)

Еден од последните западни светци, пред големата шизма, кои се почитувани и во Православната Црква. Роден во 995 година, а Крштение прими во 1013 година. Склучи мир со Шведска и Данска и за главно дело го зеде распространувањето на христијанството во Норвешка. Ја подигна првата православна црква во Тронхајм, во чест на Светиот Климент Римски. Помалите норвешки владетели смислија заговор против него и го убија во битка. Неговото тело беше положено во црквата Свети Климент и бидејќи се покажа чудотворно, Олаф беше вброен во ликот на светителите. Уште тогаш, споменот за него почна да се празнува и во Русија.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Август
4
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Акиндин, Северијан и други (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не вели: ова е случајно, а она се случи само по себе. Во тоа што постои, нема ништо без поредок, ништо неопределено, ништо нагло, ништо случајно... Колку влакна имаш на главата? Ниедно од нив не е заборавено од Бога. Гледаш ли дека ништо, дури ни она најмалото, не го избегнува надзорот на окото Божјо?“ (Св. Василиј Велики)

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк