Православен календар

Светиот маченик Калиник

29 јули (по стар стил)

Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави сè и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добредојдена како леб на гладен“. По страшни измачувања и заплашувања, кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди да го водат до градот Гангрски, затоа што не смееше веќе да го мачи ниту да го погуби во Анкира, бидејќи мнозина што го гледаа јуначкото трпење на Божјиот човек се обратија во верата Христова. По патот војниците ожеднеа, а немаше вода. Свети Калиник Му се помоли на Бога и изведе вода од еден камен. Кога пристигнаа во градот Гангрски мачителите го фрлија свети Калиник во вжарена печка. А светителот Му вознесе молитва на Бога, велејќи: „Ти благодарам, Оче Кој Си на небесата, Кој ме удостои за овој час во кој за Твоето име умирам“. Потоа влезе во огнот. Кога изгасна огнот, го најдоа неговото тело мртво, но неповредено и цело. Чесно пострада и се украси со венец на вечна слава во 250 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Октомври
10
Ноември
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Мч. Параскева (III); Преп. Јов Почаевски (1651); Св. Димитриј Ростовски (1709)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ Го дал на земјата Светиот Дух, и во оној во кого Он живее, тој го чувствува рајот во себе. Можеби ти ќе речеш: „зошто во мене нема таква благодат?“ Затоа што ти не си се предал на волјата Божја, но живееш по својата. Погледнете на оној којшто ја љуби својата волја. Тој никогаш нема мир во својата душа и секогаш заради нешто не е задоволен. А оној што совршено се предал на волјата Божја, тој има чиста молитва, неговата душа Го љуби Господа и нему сè му е пријатно и мило.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк