Православен календар

Преподобен Павле Ксиропотамски

28 јули (по стар стил)

Син на царот Михаил Рангаве. Со блескаво образование, со ретка мудрост и кротост, во неговите момчешки години Прокопиј (така се викаше најпрво) беше предмет на восхит во сиот Цариград. Во една своја повелба, царот Роман Постариот него го нарекува „најголемиот од сите философи“. Но, од страв да не му се погордее душата, па од човечката слава таа да му пропадне, ова прекрасно момче еден ден се облече во просјачки крпи и отиде на Света Гора, каде што од светителот Козма го прими монашкиот чин. По долги осаменички подвизи го обнови Ксиропотамскиот манастир, а малку потоа изгради и нов манастир, Свето-Павловскиот, во кој потоа и се упокои. Кога се осветуваше тој манастир, царот Роман испрати на дар голем дел од Чесниот Крст, којшто до денес се чува таму. За овој светител се вели дека го проповедал Евангелието во Македонија и во Србија. Многубројни маки претрпе од свирепиот цар Лав Ерменин иконоборец. Се упокои во 820 година. Пред смртта, свети Павле им рече на браќата: „Еве го часот којшто мојата душа го сакаше и од кој моето тело се плашеше“.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јануари
19
Јануари
нов
стил
Недела. Не се пости.
Богојавление.
Крштевање на Господа
Иисуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не ја занемарувај заповедта за љубовта, бидејќи преку неа ти ќе станеш син Божји, а нарушувајќи ја ќе станеш син на геената.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 4.20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк