Православен календар

Света Олимпијада, ѓакониса

25 јули (по стар стил)

Родена е во Цариград од мошне прочуени родители. Татко ѝ, Анисиј Секунд, беше сенатор, а мајка ѝ му беше ќерка на оној славен големец Евлавиј, којшто се спомнува во житието на свети Николај чудотворец. Кога порасна, Олимпијада беше свршена за некој големец кој умре пред венчавката со оваа чесна девица. Залудно и царот и останатите роднини ја советуваа да се омажи за друг. Таа не сакаше никого, туку се предаде на богоугоден живот, од наследениот имот правејќи големи жртви за црквите и милостињи за бедните. Служеше при храмот како ѓакониса, најпрво за време на патријархот Нектариј, а по неговата смрт за време на свети Јован Златоуст. Пред да појде во прогонство, Златоуст ја посоветува Олимпијада да остане при храмот како и порано и да ѝ послужи на Црквата, кого и да постават за патријарх после него. Но, веднаш по прогонството на овој голем светител, некој ја запали големата црква, а пожарот зафати и многубројни значајни градби во престолнината. Непријателите на Златоуст ја обвинија оваа света жена за злонамерно подметнување пожар. Олимпијада беше прогонета од Цариград во Никомидија, каде се упокои во 410 година, оставајќи завет телото да ѝ го положат во ковчег и да го фрлат во морето, па каде ќе го исфрли водата таму да го закопаат. Ковчегот беше исфрлен во местото Врохта, каде имаше црква на светиот апостол Тома. Од нејзините мошти низ вековите се пројавуваа големи чуда на исцеление. Прогонетиот Златоуст ѝ пишуваше на Олимпијада прекрасни писма, коишто и денес можат да им послужат за утеха на оние што страдаат заради правдата Божја. Меѓу другото Златоуст ѝ го пишува на Олимпијада и ова: „Сега сум многу радосен не само затоа што ти се избави од болеста, туку уште повеќе затоа што толку благородно ги поднесуваш сите неволји, ги нарекуваш трици, што ѝ е својствено на душа преисполнета со сила и изобилна во богатите плодови на мажественоста. Бидејќи ти не само што благородно ја поднесуваш несреќата, туку не ни забележуваш дека дошла, и тоа без напрегање и без труд и неспокојство, дури и не им ја соопштуваш на другите, туку ликувајќи и торжествувајќи - тоа служи како доказ за најголема мудрост. “ (Писмо VI).

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Април
7
Мај
нов
стил
Вто., Светла седм. Не се пости.
Светол Вторник
Мч. Сава Стратилат и со него 70 војници (272)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако почнеш да собираш богатство – тоа нема да биде твое, а ако почнеш да го раздаваш на оние кои имаат потреба – нема да го изгубиш.

Св. Василиј Велики
Беседи, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк