Православен календар

Светата маченичка Галина Коринтска и со неа: Хариеса, Ника, Калида, Нунехија, Василиса и Теодора

16 април (по стар стил)

Светата маченичка Галина е родена на Коринт, кој во тоа време е главен град на Ахаја, просветлен од апостолот Павле. По милоста Божја, таа го сретна праведниот старец Кодрат, којшто ја обрати кон верата во Христа. По страдањето на свети Кодрат (10 март, по стар стил) и другите маченици со него, праведната Галина и другите жени, ученички на Кодрат: Хариеса, Калиса, Нунехија, Василиса, Ника, Гали и Теодора, подражавајќи го својот учител, доброволно појдоа на маки за Христа. Тие можеа да се сокријат, но не го направија тоа. Нив заедно со светиот Леонид ги фрлија во море, но тие не потонаа, туку одеа по водата и пееја духовни химни. Мачителите се качија во кораби и ги фатија, по што им врзаа камен на врат и така ги удавија. Овие маченици пострадаа на 16 април 258 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во никоја работа не барај земна слава, бидејќи таа гасне за оној којшто ја љуби. Таа може наеднаш, како силен ветар, да го обземе човекот, но набрзо, откако ќе го одземе од него плодот на неговите добри дела, се оддалечува, потсмевајќи му се на неговата неразумност.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк