Православен календар

Преподобен Исаак Сирин II

12 април (по стар стил)

За овој светител пишува свети Григориј Двоеслов. Во Италија дојде во готско време и во градот Сполетан еден ден влезе в црква. Го замоли еклисијархот да го заклучи внатре и да го остави во црквата и преку ноќта. И така ја помина цела ноќ неподвижен на молитва. Исто така и утредента и наредната ноќ. Еклисијархот го нарече лицемер и му удри шлаканица. Но, во истиот миг полуде и падна на земјата. Гледајќи го колку се мачи, свети Исаак дојде над него и во тој миг демонот побегна од бесомачниот, та еклисијархот оздраве. Слушнаа луѓето за овој настан и целиот град притекна кон овој необичен туѓинец. Му нудеа имот и пари, но тој сè одби, ништо не прими и се повлече во шумата, каде што си направи келија којашто потоа се претвори во голем манастир. Исаак беше познат по чудотоврството, особено по дарот на прозорливост. Еднаш навечер тој им нареди на браќата да ги изнесат мотиките во лозјето и да ги остават таму. Утредента тргна со браќата кон лозјето и понесе ручек. Монасите се чудеа што ќе им е таму тој ручек кога немаат работници. Но, кога стигнаа таму имаше онолку луѓе што копаа колку што беа мотики. Овие луѓе беа западнале во лозјето како крадци сакајќи да ги украдат мотиките, но силата Божја ги натерала да копаат цела ноќ. Другпат дојдоа двајца мажи, речиси голи, да бараат облека од свети Исаак. А тој испрати еден монах до едно шупливо дрво покрај патот и му рече да донесе што ќе најде таму. Отиде монахот, најде некои облеки во дрвото и ги донесе. Игуменот им ги предаде овие облеки на питачите. Тие длабоко се засрамија, зашто ги препознаа облеките коишто самите пред да дојдат ги беа сокриле во истото дрво. Еден човек испрати две кошници во манастирот. Монахот што ги носеше кошниците, едната ја скри, а другата му ја однесе и му ја предаде на игуменот. Светителот му рече: „Внимавај на враќање. Во онаа кошница што ја остави покрај патот се вовлече змија отровница. Чувај се да не те касне“.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Април
2
Мај
нов
стил
Чет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Четврток
на Тајната Вечера
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ѓаволот во нашите очи ги смалува малите гревови: бидејќи поинаку он не може да нè доведе до поголемо зло.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2.94

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк