Православен календар

Светата маченичка Фотина

20 март (по стар стил)

Фотина (Светлана) е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јн. 4). Откако поверува во Иисуса Христа, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријаки (Недела). Тие дојдоа во Картагена во Африка. Во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла, Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со светата Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Април
9
Мај
нов
стил
Чет., Светла седм. Не се пости.
Свмч. Василиј, еп. Амасијски (322)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Блажена е смирената душа; неа ја љуби Господ. Највисоко од сите во смиреноста е Божјата Мајка, и затоа неа ја ублажуваат сите родови на земјата и ѝ служат сите небесни сили; таа Своја Мајката ни ја дал Господ да се застапува за нас и да ни помага.

Преп. Силуан Атонски
Списи, III.14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк