Православен календар

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

13 септември (по стар стил)

Кога светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Голгота каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакаше под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава. Меѓутоа, Елена се престави пред Господа пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршија храмот, токму таа година Константин ја празнуваше триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј беа прогласени за истиот ден, 13 септември 335 година. Во тоа време во Тир заседаваше помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, дојдоа во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востанови тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Април
12
Мај
нов
стил
Вторник. Не се пости.
9 маченици Кизички (299); Преп. Мемнон чудотворец; Св. Василиј Острошки (1671)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако си навистина милосрден, тогаш, кога неправедно е одземено од тебе твоето, немој да жалиш во себе и не раскажувај наоколу за загубата. Подобро остави загубата која ти ја нанеле оние кои те навредуваат биде проголтана од твоето милосрдие.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк