Православен календар

Преподобен Ефросин готвач

11 септември (по стар стил)

Прост, но Божји човек. Служеше како готвач во еден Аморејски манастир, во 9 век. Духовникот на тој манастир една ноќ се виде себеси во Рајот и таму го здогледа Ефросин. Ефросин му избра три рајски јаболка и му ги подари. Кога се разбуди, духовникот покрај својата перница ги најде оние три прекрасни миризливи јаболка. Брзо појде кај Ефросин и го праша: „Каде беше ноќеска, брате?“ „Таму каде што беше и ти, оче,“ му одговори блажениот угодник Божји. Тогаш духовникот им го објави целиот случај на монасите и сите ја познаа светоста и богоугодноста на Ефросин. А Ефросин, плашејќи се од славата меѓу луѓето, веднаш побегна од манастирот и се сокри во пустината, каде што го помина остатокот од својот живот.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој христијанин треба да си земе за обврска и да се труди да стане свет. Ако живеете без грижа и без надеж дека ќе бидете свети, тогаш вие сте христијани само по име, а не во суштина, а без светост никој нема да Го види Господа, т.е. нема да го достигне вечното блаженство. Верно е словото дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците (1Тим. 1,15). Но, ние се лажеме ако мислиме дека ќе се спасиме останувајќи грешници. Христос ги спасува грешниците со тоа што им дава средство да станат свети.

Св. Филарет Московски
Беседа изговорена на 23 септември 1847 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк